[ФОТО] Ова гратче во Грција „лежи“ на злато: Некогаш евтина туристичка дестинација, но откритието му ја менува репутацијата

Точка

07/07/2025

21:29

1.400

Големина на фонт

а а а

Гратчето Килкис, сместено на северот од Грција, до неодамна било познато како поволна алтернатива наспроти скапите дестинации како Санторини, Миконос, Крит или Атина. Но, најновото откритие би можело да му донесе целосно нова репутација.

Имено, геолошката процена покажува дека Килкис лежи на огромни залихи руда: најмалку 160 тони злато и дури 720.000 тони бакар се наоѓаат во тлото на овој град, што го става во центарот на внимание на рударскиот и инвестициски свет.

Според наводите на грчките власти, вкупните метални резерви на ова подрачје би можеле да изнесуваат до 180 милиони тони суровина.


Од најевтина туристичка дестинација до стратешки рударски локалитет

Уште од крајот на 2024 година, британски „Daily Express“ го прогласил Килкис за најповолен град во Грција за туристите.

Истражувањето кое го спровеле сервисите за продажба на влезници и организација на тури до Акропол покажало дека неделниот престој во овој град во просек чини 629 евра, значително помалку во споредба со другите туристички места во земјата.

Денес Килкис се наоѓа во средиштето на вниманието од целосно друга причина, поради откритието на потенцијално исклучително вредно рудно богатство.


Истражувањата се веќе во тек

Грчката подружница на компанијата „Velocity Minerals“ неодамна добила официјална дозвола за истражување на рудното лежиште која важи за наредните три години.

Дозволата покрива истражување на површина од 39 километри квадратни, а целта е низ детално испитување прецизно да се утврди обемот и квалитетот на рудните ресурси.