Илјадници тркачи денес со паѓања и јурење се обидоа да ги избегнат биковите додека се тркаа по кривулестите калдрмисани улици на отворањето на фестивалот „Сан Фермин“ во Памплона, северна Шпанија.
Тоа беше првата од деветте утрински трки што се одржаа за време на прославата во северниот шпански град, пренесе АП.
Околу 4.000 тркачи учествуваат во секоja трка со бикови, која се одржува на патека долга 846 метри и може да трае од две до четири минути.
Повеќето тркачи носат традиционална облека – бели панталони и кошула како и црвен појас и шал околу вратот.
Искусните шпански тркачи се обидуваат да протрчаат точно пред роговите на биковите, охрабрувајќи го животното да трча со свиткани нозе.
Според првиот медицински извештај, најмалку пет лица се здобиле со контузии, а едно лице се здобило со повреда на ногата, иако не е прецизирано дали повредата била предизвикана од рогот на биковите, пренесе „Паис“.
Утринската трка траела две минути и 37 секунди, што е за 19 секунди подолго отколку во 2024 година, што претставува добар резултат за брзите бикови.
Според неофицијалните бројки, најмалку 15 лица загинале за време на трчањето со бикови во последните 100 години.
Најсмртоносниот ден е забележан на 13 јули 1980 година, кога два бика усмртиле четири тркачи.
Последниот смртен случај се случил во 2009 година.