[ФОТО] Нов славен пар: По „професионалната вештерка“, славниот актер во забележан љубовен занес на Вимблдон со колешка

Точка

07/07/2025

20:21

1.055

Големина на фонт

а а а

Откако ја раскина врската минатата година, Ендру Гарфилд ја официјализираше својата врска со колешката Моника Барбаро, со која се појави на Вимблдон.

Актерот Ендру Гарфилд и актерката Моника Барбаро дефинитивно се новиот славен пар, што го потврдија кога во неделата се појавија заедно на Вимблдон.

На седмиот ден од турнирот во Лондон, тие пристигнаа во усогласени комбинации, држејќи се за раце цело време, а подоцна не се воздржуваа ни да разменуваат нежности на трибините.

Глумицата носеше прилепено бело фустанче на прерамки, без градник, комбинирана со кафеава торба, додека глумецот беше облечен во лежерна кошула со џемпер префрлен преку рамената и бели панталони.


Изгледаа заљубено и среќно, а гласините за нивната врска кружат веќе со месеци. Првпат беа „фатени“ заедно во јануари оваа година, на прослава организирана од еден магазин во Лос Анџелес, а веќе во февруари папараците ги уловија на премиера на филм во Лондон. И тогаш беше јасно дека меѓу нив постои нешто повеќе од пријателство — што сега конечно и го докажаа.

Ендру минатата година ја раскина врската со д-р Кејт Томас, која за себе вели дека е „професионална вештерка“, а не е познато колку долго биле заедно.