Поранешната српска тенисерка продолжува да ја воодушевува јавноста на мрежите…
По разводот од поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, поранешната српската тенисерка Ана Ивановиќ се посветила на семејниот живот, но и на социјалните мрежи.
Се чини дека сега, повеќе од кога било досега, е поактивна на Инстаграм, каде што објавува фотографии од приватниот живот.
Неодамна имавме можност да ја видиме во пријатно женско друштво, кое ѝ помага да ги преброди тешките времиња, а сега објави видео кое на хумористичен начин покажува како се подготвува за излегување.
Во ова видео ја гледаме Ана како ѝ објаснува на својата пријателка дека ќе задоцни поради сообраќајниот метеж, но причината е сосема друга. Поточно, Ана ќе задоцни поради својата мрзeливост.
Инаку, ова е вирален тренд на социјалните мрежи кои го покренаа модните инфлуенсерки, а Ана даде свој мал придонес со своето учество. Како што вели, таа „никогаш не доцни“, туку едноставно „го обожава овој тренд“.
За снимањето на видеото, убавата Ана носела долг фустан во црна боја кој е малку проѕирен, а стајлингот го комплетирала со златни обетки и чанта во кафеава боја.
Коментарите на следбениците само се ределе, а многумина ѝ порачале дека е духовита и убава.
„Убавина, шарм, карактер. Совршено“, „Прекрасна Ана“, „Ана, те сакаме“, се само некои од бројните коментари со комплименти упатени кон убавата тенисерка.