Фаталната доза му била вбризгана 2 часа пред да дојде докторот: По 16 години откриена вистината за смртта на Мајкл Џексон – целосна реконструкција

Точка

08/07/2025

09:05

2.070

Големина на фонт

а а а

Мајкл Џексон, кралот на поп музиката, бил само неколку недели оддалечен од спектакуларното враќање на сцена – серија концерти закажани во лондонската арена О2.

Вечерта на 24 јуни 2009 година, пеел, играл и сјаел на пробите, а само неколку часа подоцна светот засекогаш се сменил.

На 25 јуни 2009 година, Мајкл Џексон починал на 50-годишна возраст, оставајќи ги милионите фанови ширум светот во шок.

Денес, повеќе од деценија подоцна, „RadarOnline“ го реконструирал секој детаљ од неговиот последен ден којшто го пренесуваме во продолжение.


„Сјаел, бил подготвен...“

Џексон во тоа време не живеел на својот легендарен имот Неверленд туку изнајмил вила во елитната населба Holmby Hills во Лос Анџелес, недалеку од центарот каде секојдневно се одржувале напорните проби за турнејата „This Is It“ закажана за 50 вечери.

Неговиот долгогодишен вокален директор Дориан Холи изјавил дека Мајкл изгледал среќно, исполнето, како конечно повторно да го нашол својот елемент.

„Сјаеше. Се гледаше тој пламен. Конечно сѐ доаѓаше на свое место“.

Бел оглед на тоа, притисокот бил огромен. Иако опкружен со млади танчари, Мајкл доминирал на сцена.

„Сите имаа по 20 години, но погледите беа насочени во него. Сѐ уште можеше сѐ“, изјавил Холи, па додал: „Единствената разлика беше тоа што почна да зборува дека го боли телото“.


24 јуни 2009 година: Последниот ден

Утрото било тивко. Мајкл спиел подолго од вообичаено поради пробата до доцните часови. Кога се разбудил, слегол по скалите и им се придружил на своите деца – Парис, Принц и Бланкет, на нивниот последен заеднички оброк.

Неговата готвачка, Каи Чејс, подготвила лесен оброк: печена туна, органска салата и сок од морков и портокал.

„Се насмевна, ги склопи рацете и рече: Благодарам. Бог да ве благослови. Беше полн со енергија. Делуваше среќно“, раскажала Чејс.

19 часот – тргнување кон проба

Џексон излегол од вилата и седнал на задното седиште од лимузината. Возачот бил и негов телохранител Фахим Мохамед, додека напред седел асистентот Мајкл Амир Вилијамс.

Стигнале до центарот каде логистичкиот менаџер Алберто Алварес го однел до соблекувалната со голф возило. Сите кои таа вечер биле присутни тврдат дека пејачот бил во одлична форма.

19-21 часот – визуелна продукција и последна проба

Мајкл заедно со тимот поминал низ сите светлосни ефекти и визуелни елементи. На сцена првпат видел видео придружба за своите песни.

21 часот – иконата на поп музиката, последен пат

Извел неколку од своите најголеми хитови: „Billie Jean“, „Smooth Criminal“, „She’s Out of My Life“, сите со целосна кореографија.

Кен Ерик, продуцентот на доделување на Греми наградите, бил присутен таа вечер.

„Беше полн со елан. Возбуден поради турнејата. Не покажуваше умор“.


Полноќ – крај на пробата, последни прегратки

Пробата завршила со моќна интерпретација на песната „Earth Song“. Џексон танцувал, им се заблагодарил на сите и им посакал добра ноќ.

„Бог да ве благослови, се гледаме утре“, рекол тој.

На патот кон дома, застанал пред капијата за да ги поздрави фановите. Дал и неколку автограми, бил насмеан.

Неговиот личен доктор, д-р Конрад Мареј, веќе бил пред куќата. Внатре, Џексон го испратиле до скалите, од таму сам заминал во собата.

Утрото на трагедијата

Д-р Мареј во полицискиот исказ рекол дека се обидувал да го одвикне Мајкл од пропофолот, моќен анестетик којшто се користи исклучиво во болниците.

3 часот – првиот седатив

Мајкл не може да заспие. Добива седатив. Ништо не помага.

5 часот – сѐ уште е буден

„Морам да спијам. Морам да бидам подготвен за концертите... Лековите не делуваат“.

7 часот – обиди без успех

Му даваат уште лекови, без резултати.

10 часот – Мајкл моли за пропофол

„Го сакам моето млеко. Знам дека тоа делува. (лекот го нарекувал млеко поради белата боја).

10 и 30 часот – фатална доза

Д-р Мареј му дава „разблажен“ пропофол. Мајкл конечно заспива.


Кратко потоа

Мареј излегува од собата да оди до тоалет. Кога се вратил Мајкл повеќе не дишел. Почнала реанимацијата. Децата влегле во собата. Парис и Принц плачеле додека докторот се обидувал да го оживее нивниот татко.

12:27 – брзата помош доаѓа

Мајкл нема пулс. Се обидуваат со реанимација.

13:07 – транспорт

Преместен бил во болницата „Ronald Regan UCLA“.

14:25 – смрт

Прогласен е за мртов

Епилог: Вина, затвор, сеќавање

Во 2011 година, д-р Конрар Мареј бил осуден за убиство од невнимавање, со затворска казна од четири години. Ослободен бил после помалку од две години.