Голема бура се крена кога Дејан Савиќевиќ, сега влијателен фудбалски функционер во Црна Гора, беше уапсен поради пребрзо возење.
Откако му била изречена парична казна, тој бил ослободен, а сите веднаш се присетија на неговите зборови од пред околу дваесет години кога поминал на црвено светло, а завршил само со казна од 700 евра:
„Јас сум Бог, за мене законот не постои“, рекол тогаш Савичевиќ, а таа реченица се покажа како точна при неколку последователни сериозни прекршоци.
Една година по таа казна, судбината како да го демантирала: додека возел мотор, се судрил со автомобил и се здобил со скршеници на двете раце, карлицата и потрес на мозокот.
Љубовниот живот на Дејан Савиќевиќ
Кон крајот на 1980-тите популарниот фудбалер започнал емотивна врска со својата прва сопруга Валентина Брајовиќ, додека настапувал за Црвена Звезда. Двојката беше во брак до 2000 година, а заедно ги добија синот Владимир и ќерката Тамара.
Интересен факт е дека додека настапувал за Црвена звезда Валентина и Дејан живееле како потстанари во станот на познатата ракометарка Светлана Цеца Китиќ, која во тоа време играла во Италија.
Во една прилика Валентина раскажала за југословенскиот печат како го запознала Дејан.
„Сè беше едноставно. Двајцата сме од Титоград (Подгорица), јас живеев веднаш до стадионот, но никогаш не одев на натпреварите и не ме интересираше фудбалот. Сè се промени кога еден пријател ме запозна со Дејан“ раскажа Валентина во дамнешната 1992 година за тогашна „Илустрована политика“.
Во тоа време, Брајовиќ била ученичка во туристичко училиште. Кога Дејан се преселил во Белград и таа заминала со него. Не се запишала на факултет, бидејќи, како што на шега рекол Дејан, „од првата средба, мозокот ѝ бил блокиран“.
По разводот, Савиќевиќ започнал врска со Јелена Бабиќ, професорка на Електротехничкото училиште во Подгорица.
Семејна драма што ескалирала
Бројни медиуми пишуваа за таа 2019 година, кога неговата ќерка Тамара се омажи за фудбалерот Александар Каписода, но Дејан не присуствувал на свадбата.
Се вели дека само Дејо и неговата партнерка Јелена не биле поканети на свадбата, која собра многу познати личности во Црна Гора. Невестата не сакала Јелена да присуствува на нејзината свадба, па затоа и татко ѝ не бил поканет.
Не е познато дали таткото и ќерката во меѓувреме ги подобриле односите, но се знае дека Дејан е во добри односи со синот Владимир, кој се оженил три години пред неговата сестра.
На свадбата на Владимир, Дејан изгледал пресреќно со оглед на тоа дека младенците носеле традиционални народни носии, а сите црногорски обичаи биле испочитувани.