Србинката Сандра Станојевиќ со својот сопруг го посетила островот Крк во Хрватска и се воодушевила, но еден нејзин коментар привлекол внимание кај Хрватите кои сметаат дека тие својот одмор го платиле премногу.
„За само 4000 евра бевме четири дена во Хрватска, на островот Крк. Од аранжманот бевме целосно воодушевени, а островот е симпатичен и сладок што моравме да резервираме и да останеме уште пет дена. Доколку и вие сакате да го посетите овој остров, од мене имате топла препорака“, рекла Сандра во видеото кое го објавила на социјалната мрежа ТикТок.
„Само 4000 евра?“
Иако таа потрошените 4000 евра ги опишала како „само“, многумина во коментарите напишале дека тоа е превисока цена за толку малку денови и дека некој добро ги излажал.
Многумина тврделе дека тоа не е реална цена, според нивните зборови, невозможно е да се најде сместување за толку пари.
„4000 евра за 4 дена? Па со тие пари можеш да платиш две летувања заедно со гориво“, „Жал ми е, но некој ве излажал“, „За 1000 евра го посетив Занзибар“, „Во Мексико можеш да отидеш на 14 дена за 4000 евра“, „Лажеш, јас живеам на Крк и не постои толку скапо ноќевање“, биле дел од коментарите.
„Очигледно се шегува“
Многумина коментирале и дека тиктокерката можеби само се шегувала.
„Очигледно оваа жена само се шегува“, напишал некој, додека пак друг додал дека не е јасно дали Сандра била сериозна или видеото е само саркастично.