[ФОТО] Лорен Санчез првпат во јавноста после венчавката: Сопругот го оставила дома, па облекла 3 броја помал фустан, деколтето во прв план

Точка

09/07/2025

13:35

2.254

Големина на фонт

а а а

Лорен Санчез, новата госпоѓа Безос, прошетала во Париз со сестрите Најдер, а бурмата и црвениот фустан биле во центар на внимание.

Лорен Санчез (55), сопругата на милијардерот Џеф Безос, уживала во вечерната прошетка со сестрите Брукс и Сара Џејн Најдер во Париз.

Иако Безос го прескокнал ова дружење, неговата љубов не: Лорен гордо ја покажувала својата нова бурма додека сите три дами привлекувале внимание со својот изглед. 


Лорен во кожен фустан и дијаманти

Поранешната новинарка се појавила во црвен кожен фустан со изразено деколте, а комбинацијата ја надополнила со црни високи потпетици, мала црна чанта и темни очила.

На ушите имала дијамантски обетки додека пак новата бурма сјаела во прв план, како потсетник на венчавката која неодамна се одржала во Венеција.


Брукс во проѕирен фустан, Сара Џејн во сатен

Нејзината сестра Брукс Најдер, позната манекенка, одлучила да има провокативен изглед. Во целосно проѕирен црн топ и без градник којшто го комбинирала со црни хеланки и елегантни црни сандали на висока потпетица, мамела воздишки.

Сара Џејн Најдер била елегантна, во макси фустан од сатен во комбинација на црна и бела боја, идеално за париска вечер.


Брукс и Том Брејди – поранешен пламен?

Да ве потсетиме, Брукс Најдер претходната недела присуствувала на венчавката на Лорен и Џеф во Италија каде наводно го сретнала поранешното момче Том Брејди.

Тие двајца, како што пренесуваат странските медиуми, разговарале и танцувале во текот на вечерта, а сето тоа било во пријателски дух.