Иако официјално раскинаа, Кети Пери и Орландо Блум покажаа дека сè уште можат да бидат посветени на заедничкото родителство. Прашањето дали одморот во Италија може повторно да ги зближи е главна тема.
Сепак за момент, папараците го уловиле моментот во кој Блум си ставал крем за сончање, а мистериозна жена му помагала да го намачка грбот. Медиумите сè уште не открија која е личноста и дали меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.
Актерот сè уште е во Италија на одмор со своето семејство, пејачката и неговите деца. Блум има ќерка, Дејзи Дав, со Пери, а во бракот со моделот Миранда Кер го доби синот, Флин.
Is there any way back for one of the hottest couples in Hollywood? Katy Perry looks her best yet in a tiny white bikini while hunky ex Orlando Bloom shows off his rippling abs as they put on a united front on family holiday https://t.co/yn47tby3y1
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) July 10, 2025
Иако официјално ја завршија својата долгогодишна врска, пејачот и актерот покажаа дека сè уште можат да бидат посветени на заедничкото родителство. Семејниот одмор во Италија дојде само еден месец по раскинувањето на нивната речиси десетгодишна врска.
Парот минатата недела објави официјално соопштение преку своите претставници:
„Орландо и Кејти ја трансформираа својата врска во последните месеци за целосно да се посветат на заедничкото родителство. Нивниот главен приоритет е, и секогаш ќе биде, одгледувањето на нивната ќерка со љубов, стабилност и меѓусебно почитување“.
Парот беше во врска од 2016 година. Тие раскинаа една година подоцна, но повторно одлучија да бидат заедно во 2018 година, а се верија на Денот на вљубените 2019 година. Тие ја пречекаа својата ќерка Дејзи Дав во август 2020 година. Гласините за тензии во нивната врска започнаа на почетокот на јуни, додека Пери беше на турнеја во Австралија.