[ФОТО] Ријана се „посрамоти“ на погребот на татко ѝ: Несоодветниот фустан и боја предизвикаа бројни критики: „Изгледа како римска божица, а не ожалостена ќерка“

Точка

10/07/2025

19:44

1.365

Големина на фонт

а а а

Пејачката Ријана пред два дена отпатувала на Барбадос со своето семејство за да присуствува на погребот на нејзиниот татко Роналд Фенти, а во меѓувреме беа објавени нејзините фотографии заедно со партнерот Асап Роки и синовите.

Истите, не наидоа на добри коментари, пред сè поради несоодветната облека што Ријана ја избрала за гробиштата и последното збогување со својот татко.

Имено пејачката целосно ги шокираше обожавателите со нејзиниот избор на облека за погребот. Иако црната не е стандардна боја во сите култури, како што е во нашиот регион, поголемиот дел од јавноста се согласува дека изборот на облека воопшто не бил соодветен за таа пригода. Ријана повеќе наликувала на грчка или римска божица во белиот фустан отколку на ожалостена ќерка. Поради ова, таа беше мета на бројни критики.


„Погреб, а не доделување на награди“

Иако голем дел од обожавателите на Ријана се обидоа да бидат нежни во своите коментари, со оглед на тоа што таа моментално го очекува своето трето дете, тие сепак го изразија својот презир кон модниот избор.


„Нели црната е препорачана боја за погреб?“, „Толку одвратно! Жено, отиде да го погребаш татко ти, а не да примиш награда!“, „Непристојно. Непочитување на починатиот“, напишаа корисниците на Инстаграм и Икс под фотографиите што станаа вирални.


Некои, од друга страна, ги критикуваа папараците кои не ги оставиле пејачката и нејзиното семејство на мир и во толку тажен момент, туку ги следеле. Сепак и тоа падна во втор план поради елегантниот, лелеав, бел фустан на Ријана.

Комбинација од неколку болести е причина за смртта

Инаку, Роналд Фенти почина кон крајот на мај во медицински центар во Лос Анџелес. Причина за смртта била комбинација од акутна респираторна инсуфициенција, рак на панкреас, аспирациона пневмонија, како и акутна бубрежна инсуфициенција и акутна тубуларна некроза.


Ријана не се огласи јавно во врска со смртта на својот татко, но премиерката на Барбадос, Миа Мотли на Инстаграм ја потврди тажната вест.

„Со длабока тага, во име на Владата и народот на Барбадос, изразувам искрено сочувство до нашата сакана национална хероина, почитуваната Ријана Фенти, по повод смртта на нејзиниот татко, Роналд Фенти. Роналд беше татко, пријател, сосед и горд Барбадосец. Неговото животно патување, како и на многу други во нашата заедница, не беше без борби, но беше исполнето и со љубов, личен раст и длабока врска со местото и луѓето кои го обликуваа. Изразувам најдлабоко сочувство до Ријана, нејзината мајка Моника, браќата Рори, Раџад и Џејми, сестрите Кенди и Саманта и целото семејство Фенти. Сочувство и до пријателите и најблиските на Роналд, на Барбадос и низ целиот свет“, напиша таа.