Американскиот актер Бред Пит поднесе барање за пристап до приватните пораки на неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли пред нивната судска битка за француската винарија „Шато Миравал“.
Според правните документи кои ги доби „Пејџ сикс“, Пит бара од судот да го принуди Алексеј Олијник од „Столи груп“ да ги открие своите комуникации со Џоли и да се појави на рочиштето.
Актерот рече дека се обидел да се сретне и да се консултира со Олијник во врска со правното прашање, но дека не успеал. Олијник одбил да ги предаде релевантните документи или да се појави на рочиштето, тврдејќи дека, како жител на Швајцарија, не може да биде принуден да го стори тоа.
Адвокатите на Пит тврдат дека судската пракса што ја цитира Олијник не може да се примени во овој случај бидејќи актерот бара сведочењето да се спроведе во земјата на живеење на Олијник.
Пит и Џоли ја купија споменатата винарија во 2008 година, додека беа во врска. Откако се разведоа, Џоли го продаде својот дел, а тој го нарече тоа нејзин обид да му се одмазди и го тужеше. Тој исто така тврди дека Олијник дејствувал по инструкции на својот шеф, односно на шефот на „Столи груп“, Јуриј Шефлер, како „клучен оперативец“ зад купувањето, што несомнено го прави еден од најважните сведоци во оваа тужба.