Албертини за потегот на Милан: Ме потсетува на Тонали

Дерби

11/07/2025

11:48

116

Големина на фонт

а а а

Милан не е премногу активен, но е присутен на трансфер пазарот со некои потези, најави за комплетирање на некои од операции, заминување и продажба на дел од играчите, а официјално е обезбедено и првото засилување во името на италијанскиот репрезентативец, Самуеле Ричи.

Тој пристигна од Торино и се очекува да донесе свежина на средината на теренот. Легендата на „црвено-црните“, Деметрио Албертини дава позитивна оценка за овој трансфер, инвестиција која според него може да се спореди со онаа како доведувањето на Сандро Тонали.

- За мене, тоа е одлична идеја што ме потсетува на инвестицијата направена пред неколку години со потпишувањето на Тонали. Барањето италијански играчи за додавање во тимот е клучно за постигнување на одредени резултати, бидејќи помага да се создаде чувство на припадност во групата. Исто така, беше потребен играч со вештини како Ричи, - вели Албертини кој веднаш би го потпишал Душан Влаховиќ ако има услови за тоа.

- Не би имал ништо против тоа. Би го потпишал Влаховиќ што го видовме во Фиорентина со затворени очи. Повторувам: со затворени очи. По неговото искуство во Јувентус, имам уште неколку сомнежи, но некој како Влаховиќ, ако се стави во соодветни услови, би се снашол добро во Милан. Не сум сигурен што се случи во Торино, но неговиот потенцијал не е доведен во прашање и се чини дека сака да го смени клубот.Напаѓачите се скапи, а нема многу вредни играчи на располагање бидејќи или клубовите наплаќаат многу или воопшто одбиваат да ги пуштат , - вели Италијанецот кој исто така смета дека Милан требал да му даде соодветна шанса на талентираниот Франческо Камарда.