„Кикер“: Елмас нема иднина во Лајпциг, летово сигурно ќе си замине!

Дерби

11/07/2025

11:51

167

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас имаше добра полусезона во редовите на калчолигашот Торино, меѓутоа италијанскиот тим не се одлучи да го откупи неговиот договор и сега тој мора да се врати во бундеслигашот РБ Лајциг со кого е „врзан“ до 2028 година.

Меѓутоа се чини прашање е само на време кога Елмас одново ќе ги напушти „биковите“ и тоа засекогаш, информација која ја сподели престижниот „Кикер“.

- Елиф Елмас чие време во Лајпциг не беше одбележано со спортски успех, се очекува да го напушти клубот ова лето. По позајмицата во Торино, Македонецот нема да се пресели во северна Италија како што се очекуваше, туку наместо тоа се стреми кон поголеми цели. Во секој случај, играчот од средината на теренот нема иднина во Лајпциг, - смета „Кикер“.

Елиф кариерата ја започна во Работнички од каде преку Фенербахче дојде до Наполи, РБ Лајпциг за да минатата сезона ја заврши во некогашниот италијански шампион.