Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот

A1ON.MK

11/07/2025

19:06

3.400

Големина на фонт

а а а

Првото лице од десно е лицето што физички ме нападна денес, да постапеа по заканите кога го објавив, денес немаше со намера смислено да доаѓа и да ме удира.Сулејман Љамалари. Високи структури во МВР во моментов ги употребуваат сите механизми да го заштитат лицето и да го заташкаат случајот, напиша градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Командант на ОВК со надимак “Барут” го пуштиле да се обидува да ме заплаши и гневот на Албанците да го насочи кон мене.Командант “Барути” да си знаеш, Албанците најмногу се загрозени од 150 небезбедни згради кои Висар и Ејуп ги дозволиле во Чаир. Јасно ли ти е дека врз чаирчани ќе паднат тие згради при природна непогода?

Е сега како ветеран на ОВК, малку е незгодно да се дружиш со ликови како Висар Вики Ганиу, што бегаат и се кријат место да се соочат (нели војници сте?), ама пак од вашите незаконски легализации се гледа зошто го правиш тоа:

Господине ЉАМАЛАРИ т.е БАРУТИ, твојот брат ни го познавам, ни некогаш работел во град Скопје за да биде од мене избркан од работа, ама пак затоа сите од вашата група се шампиони за лажење и фалсификати

🆘 Првото лице од десно е лицето што физички ме нападна денес, да постапеа по заканите кога го објавив, денес немаше со...

Posted by Danela Arsovska on Friday, July 11, 2025

Второ и многу важно, во претпријатието каде работел брат ти, добил отказ БИДЕЈЌИ НЕ ОДЕЛ НА РАБОТА, а за тоа сакал да зима плата, НЕ ДЕКА НЕКОЈ ГО ЗАБОЛЕ ВО КОЈА ПАРТИЈА СТЕ

Така чудно колку гласно ги браниш Висар и Изет, па утврдивме дека ти и твоите блиски сте поднеле 32 барања за легализации во Чаир, сте легализирале 15 објекти, а 17 бројчиња сте дале за други да легализираат со вашите барања

Ти дечко со твоите пајташи треба затвор да лежите за 150 небезбедно изградени згради, а не ко комшика на чешма да се жалиш по портали!

Команданти Барути ова не е меѓуетничка борба, не се обидувај да предизвикаш повеќе напади и закани кон мене. Сите веќе знаат дека ова е борба со криминалци, а ти си на страната на тие криминалци, напиша Арсовска на ФБ по излегувањето од Градската болница.