Славната убавица Изабел Гулар веќе со години е во врска со германскиот голман Кевин Трап (34) којшто е шест години помлад од својата избраничка.
Бразилската манекенка Изабел Гулар (40), е најпозната по тоа што била една од „ангелите“ на „Victoria’s Secret“ од 2005 до 2008 година, а исто така позирала и за „Sports Illustrated Swimsuit Issue“.
Славната убавица со години е во врска со германскиот голман Кевин Трап (34) којшто е шест години помлад од неа, а на кој со емотивна порака пред два дена му го честитала роденденот.
„Среќен роденден на најневеројатниот маж којшто го познавам. Твојата љубезност, внимателност, сила и неисцрпна инспирација ме остава без здив. Начинот на којшто живееш, сакаш и го водиш срцето секој ден прави да те почитувам и да ти се восхитувам. Навистина си единствен и светот е поубаво место благодарение на тебе. Те сакам“, напишала Изабел на својот Инстаграм профил.
Тие двајца често можат да се забележат како разменуваат нежности на познатите светски плажи, а исто така знаат да зборуваат јавно за нивниот бурен сексуален живот.
„Имаме секс четири до пет пати дневно. Меѓутоа, доколку изгуби натпревар во кој бранел, тогаш нема секс. Дури ни високи потпетици ни секси долна облека не може да помогне по пораз. Од друга страна, доколку победи, тогаш ноќта ниту еден од нас не спие и имаме секс до утринските часови“, открила убавицата пред неколку години.
Тие двајца се запознале на модна ревија во Париз, а наводно започнале да се забавуваат во 2015 година. Се вериле во 2018 година, а Изабел тогаш среќната вест ја споделила на социјалните мрежи и напишала:
„Кога ќе запознаеш некој којшто ти го менува животот во секој поглед, сигурен си дека тоа е вистинската личност за тебе“.
Нивната венчавка и денес се очекува со нетрпение затоа што сите веруваат дека Изабел ќе биде неверојатна невеста, не само поради својата љубов кон голманот туку и поради нејзината совршена линија зад која се крие здравата исхрана.
Своевремено манекенката истакнала дека избегнува ригорозни диети, но дека после тренинг задолжително пие протеински шејкови кои сама си ги прави дома. Исто така познато е дека Изабел сака комбинирани тренинзи, од пилатес, кик-бокс, јога, трчање, вежби за стомак до тренинг за отпорност.