Познат француски комичар падна од 8-ми кат и почина на место: Полицијата пронашла шокантни детали

Точка

11/07/2025

16:39

621

Големина на фонт

а а а

Францускиот комичар Бан Хеј Мин (43), почина на 10 јули откако падна од осмиот кат на зграда во Париз, само неколку моменти пред да замине на својот настап во Монтреал.

Според наводите на весникот „Ле Паризиен“, париското обвинителство веднаш отвори истрага, но засега се верува дека станува збор за трагична несреќа.

Долгогодишниот продуцент и пријател на комичарот, Филип Делма, ја потврди веста за смртта на социјалните мрежи.


„Со бескрајна тага мораме да ја објавиме трагичната смрт на нашиот пријател, големиот уметник, Бан Хеј Мин. Тој требаше да патува за Монтреал тоа утро, каде што имаше настап на 11 јули. Беше пресреќен што се врати на сцената, пред својата публика“, напишал тој.

Делма открил и застрашувачки околности за несреќата.

„Бан падна додека се обидуваше да го дофати својот мобилен телефон кој му испаднал во олукот на терасата. Подготвен да тргне, само неколку моменти пред да замине, се лизна и падна. Не можеме да веруваме. Срцата ни се скршени“, додал Делма.


Извор близок до полицијата потврди за француските медиуми дека телефонот навистина е пронајден во олукот, заедно со пепелникот на даската на прозорецот.

Комичарот Бан Хеј Мин беше познат по својот остар хумор и острите социјални критики, а веста за неговата смрт ги шокираше обожавателите во целиот светот.