Минатото лето, британската кралица Камила приредила непријатна сцена за првата дама на Франција која судејќи по сѐ, одлучила да не ѝ остане должна.
Посетата на претседателот на Франција Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит на Велика Британија, привлекла многу внимание во медиумите, а при една средба забележан бил детаљ којшто се толкува како обид за „одмазда“ на првата дама на Франција на кралицата Камила.
При еден состанок Брижит Макрон се појавила носејќи беж комплет и салонки, додека пак во раката носела чанта.
Станува збор за „Lady Dior“, модел од француската модна куќа наречен по принцезата Дајана, првата сопруга на кралот Чарлс која тој 15 години ја изневерувал со Камила.
„Dior“ оваа чанта ја креирал во 1995 година, а на принцезата Дајана при посетата на Париз ѝ ја подарила поранешната прва дама на Франција Бернадер Ширак.
Принцезата подоцна била забележана со таа чанта на неколку настани. „Dior“ тогаш не предвидувал дека креира едно безвременско парче кое е совршено за секоја прилика и кое наредните децении ќе стане вистинска класика во светската мода.
Со благослов од принцезата чантата била преименувана во „Lady Dior“ и од тогаш масовно се произведува под тоа име.
Она што Брижит можеби не го знаела е тоа што и самата сопруга на кралот Чарлс ја носела оваа чанта на минатогодишниот Вимблдон и тоа идентична како онаа која сега во рацете ја држела госпоѓа Макрон.
Зошто Брижит ѝ се одмаздила на Камила?
Кралот Чарлс и неговата сопруга минатиот пат се состанале во јуни 2024 година кога на одбележувањето на Денот Д во Франција била забележана непријатна сцена.
Во текот на церемонијата на положување венци, Брижит посегнала по раката на британската кралица, а таа не ѝ возвратила туку раката ја држела мирно покрај телото.
Once again, the British media is clutching onto outdated royal protocol to shield Queen Camilla from scrutiny. The statement from the BM reads: "In an awkward moment, Brigitte Macron broke royal protocol by attempting to hold Queen Camilla's hand at the D-Day ceremony.” But let's… pic.twitter.com/XPAgfJmzHV
— annieh🏀🏉 🎨🎸🚛📚🏫👩🏽⚕️🩺🇺🇸 (@bbjofr) June 7, 2024
Според пишувањето на медиумите, во протоколот не пишува дека тоа е забрането, па овој потег на Камила бил протолкуван како нејзина желба.