[ФОТО] Леонардо Дикаприо снимен на Вимблдон: Сите коментираат едно нешто

Точка

11/07/2025

21:15

927

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Леонардо Дикаприо беше забележан на натпреварот помеѓу Карлос Алкараз и Тејлор Фриц денеска на Вимблдон.

На овој престижен тениски турнир присуствуваат многу познати личности. Меѓу познатите гости во кралската ложа во последните денови беа фудбалерот Дејвид Бекам, актерите Хју Грант, Рами Малек и Бенедикт Камбербач, како и модните икони Ана Винтур и Том Форд.


Но, откако го забележаа ова попладне сите зборуваат за Леонардо Дикаприо. Имено деновите на неговата препознатлива руса коса и момчешко лице се минато. Лео ја обоил косата во позрела нијанса на кафеава, пуштил брада и ги покажа своите извајани црти на лицето, пренесе „Мирор“.



Актерот изгледаше многу шармантно во бела маица, сив сако и темни очила за сонце. Откако официјалната страница на Вимблдон ја објави неговата фотографија на Икс, сите обожаватели имаа ист коментар.


Не можат да поверуваат колку младешки изгледа холивудската ѕвезда, што е импресивно со оглед на тоа што во ноември тој наполни 50 години.


Еден корисник напиша: „Се колнам дека овој човек не старее“.

Други корисници на Икс се согласија со него.


Од друга страна, Хју Грант неодамна привлече внимание кога задрема за време на натпреварот на Ѓоковиќ.