Веста за смртта на популарниот актер беше објавена на 2 јули. Неговата сопруга Кели во изјава открила дека актерот се борел со канцер.
Се појавиле нови детали во врска со причината за смртта на актерот Џулијан Мекмахон, неколку дена после неговата ненадејна смрт на 56-годишна возраст.
Според извештајот за одобрено кремирање од канцеларијата на округот Пинелас во северната држава Флорида, австралискиот актер починал од метастаза на белите дробови, последица на метастатски карцином на главата и вратот.
Начинот на смртта бил прогласен за природен, а посмртните останки во меѓувреме биле кремирани.
За многумина омилениот актер, почина во четвртокот на Флорида после борбата со опасната болест.
Тоа го потврди неговата сопруга Кели во изјава за „Deadline“.
„Со отворено срце сакам да споделам со светот дека мојот сакан сопруг, Џулијан почина оваа седмица по храбра борба да го победи канцерот.
Џулијан го сакаше животот, го сакаше семејството. Ги сакаше своите пријатели, ја сакаше работата и своите обожаватели. Неговата најдлабока желба беше да внесе радост во што повеќе животи.
Молиме за поддршка во овој момент за да му обезбедиме на нашето семejство да тагува во приватност. И сакаме на сите на кои Џулијан им донесе радост да ги наведеме да ја најдат радоста во животот. Благодарни сме за спомените“.
Кариерата на актерот започнала во 1989 година со улогата во краткотрајната австралиска сапуница „The Power“ пред да ја добие улогата во серијата „Home and Away“.
Актерот подоцна се преселил во САД каде постигнал успех во разни ТВ-емисии.