ПСЖ доживеа убедлив пораз од Челси во финалето на Светското клупско првенство, резултат кој дефинитивно не беше очекуван за европскиот првак, кој одигра одличен турнир и до денешниот дуел, доминираше против своите ривали.
Сепак, Енцо Мареска и неговите играчи издоминираа во првиот дел со три гола и тоа беше доволено за трофејот на престижниот турнир, во натпревар кој донесе и тензични моменти на теренот, за време и по завршувањето на натпреварот.
Целосно неочекувано, меѓу оние кои влегоа во физички контакт со противниците се најде и Луис Енрике, кој за момент „се исклучи“ и оствари контакт со Жоао Педро, кој веднаш се најде на тревата.
Ha habido lío al final del partido. Luis Enrique se va a por Joao Pedro pic.twitter.com/uvxsA0Dc8J
— MARCA (@marca) July 13, 2025