Познатиот тајвански билјард играч Чанг Јунг-Лин ненадејно почина на 40-годишна возраст додека престојувал во хотел, јавуваат виетнамските медиуми.
Некогашниот светски шампион во билјард починал додека учествувал на меѓународен турнир во Индонезија.
Она што го прави случајот уште почуден е фактот што само неколку часа претходно тој настапил на турнирот и го победил својот противник Томи со 2-0, со што се пласирал меѓу најдобрите 32.
По мечот, се вратил во хотелот, каде подоцна бил пронајден мртов.
Чанг е роден во 1985 година и важеше за еден од најдобрите билјард играчи во последниве години. Во еден момент беше прв на ранг-листата на Светската професионална билјард асоцијација, а освои и бројни титули, вклучувајќи ја и светската титула во билијард со осум топки во 2012 година.
Во 2013 година го освои среброто во билијард со девет топки, како и злато на Азиското првенство во билијард со десет топки.
Според виетнамските медиуми, Чанг Јунг-Лин бил исклучително почитуван меѓу своите колеги и се сметал за еден од најголемите професионалци на турнејата.