Шпанскиот фудбалер Ламин Јамал минатиот викенд го прослави својот 18-ти роденден на Ибица. Ѕвездата на Барселона на забавата поканил соиграчи, бројни славни личности и неколку светски инфлуенсерки.
Светските медиуми не престануваат да зборуваат за деталите од прославата. Наводно, Јамал повикал и луѓе со џуџест раст за да ги забавуваат гостите – потег кој ја шокираше јавноста, а повеќе здруженија сега бараат санкции против него.
Но, сега излегоа нови детали. Клаудија Калво, девојка која добила покана за роденденот, раскажа што се случувало. Откри неколку детали од прва рака.
Калво е шпански модел и ја прифатила поканата.
„Добив покана за неговиот 18-ти роденден. Ни понудија суми од 10 до 20 илјади евра за да дојдеме. Бараше русокоси девојки со специфична големина на гради. Телефоните не ни беа дозволени“, изјавила 25-годишната Калво, па додала:
„Ако прифатиш, сè ти е платено – хотел, храна, лет, што и да посакаш додека си на островот. Дискрецијата беше огромна, и точната локација не ја знаевме до неколку часа пред забавата. Добивме картичка со пари што можевме да ги трошиме. Од моментот кога ќе ја добиевме – прифаќавме сè, иако не знаевме што ќе се бара од нас.“
Калво била една од 12-те девојки присутни на забавата.