Новинарите од германски магазин специјализиран за автомобилска индустрија, „Auto Bild“, составиле листа на поволни автомобили до 5.000 евра кои се најбезбедни.
Вакви модели може да најдете и со километража под 200.000 и прилично се пристапни. Моделот „Alfa GT“ со две врати е креиран на платформата на моделот 156 и е веројатно најелегантниот автомобил од својата класа во овој ценовен ранг, пишува германскиот магазин.
Колку што е подоцна произведен толку подобро затоа што првобитно неквалитетната изработка подоцна била санирана.
ESP било воведено во автомобилите со редизајнот во 2008 година. Меѓутоа, безбедносната електроника не била стандардна, па при купување убедете се дека ESP навистина е вклучено.
Електронската програма на стабилност е признаена безбедносна технологија вградена во сите возила од 2014 година. Технологијата за спасување животи работи заедно со системското кочење ABS и TCS за да му помогне на возачот во критични ситуации при возењето.
Овој мал автомобил со целосно алуминиумска конструкција е повеќе баран заради редизајнот во 2003 година со моќен дизел мотор. Нуди пристоен комфор, а моторите се многу економични.
Најмногу внимание обрнете на сопирачките. Покрај тоа, квалитетот на изработка е солиден. Просечна цена на овој автомобил е 3.000 евра.
На многу од тестовите за поволни возила со 100.000 километри добил највисоки оцени.
„Honda“ традиционално е мудар избор при купување поволни автомобили поради својата долговечност, но треба да се провери дали корозијата влијаела на автомобилот, а задните сопирачки понекогаш можат да предизвикаат проблем.
Компактен дизајн, економичен автомобил којшто нуди многу простор одзади.
Најдобро е да изберете 1,6-литарски мотор којшто би било добро да го проверите после 90 илјади километри. Сопствениците на поволните модели повремено пријавуваат проблем со зголемена потрошувачка на масло.