Уапсен маж од Гостиварско: Возел со брзина од 114 км на час на место каде што дозволената брзина е 50 км на час

Макфакс

14/07/2025

12:50

149

Големина на фонт

а а а

Вчера во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 44-годишниот Ќ.Т. од гостиварското село Боговиње.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој во населено место управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 114 километри на час, каде со сообраќаен знак е дозволено 50 километри на час.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“.