Подготовките за четвртиот роденден на Голд Фелициа во полн ек

Точка

14/07/2025

17:26

207

Големина на фонт

а а а

Едно од најатрактивните и најгламурозните кабареа кај нас – Голд Фелициa, годинава слави четири години постоење и веќе ги започна подготовките за роденденска прослава која ветува незаборавна забава.

Препознатлив по уникатниот спој на гастрономија, музика, шоу и кабаре енергија, Голд Фелициа во изминатите години стана симбол на елеганција, забава и врвна услуга.

По повод четвртиот роденден на 17.07. во четврток со почеток од 21 часот, се подготвува вистински спектакл – со жива музика, ексклузивно шоу, специјални гости и роденденски изненадувања.

Ќе има специјално македонско кабаре шоу со артистите од Голд Фелициа, а како специјални гости се Ансамбалот на КУД Илинден.


30% намаление за сите гости по повод 4-от роденден.

„Оваа година одбележуваме четири години постоење, четири години исполнети со доверба, стил и заеднички успеси со нашите клиенти. Роденденската прослава ќе биде наш начин да им се заблагодариме на сите што се дел од нашата приказна,“ велат од тимот на Голд Фелициa.

За резервации и повеќе информации може на 075/316-974 како и на официјалниот профил на Голд Фелициа.

Комерцијален текст