Луис Енрике не криеше дека Челси е заслужен победник во финалето на Светското клупско првенство и му честиташе на премиерлигашот за добрата партија, но на прес-конференцијата мораше да дава објаснување и за својот непотребен потег по последниот судиски свиреж.
Шпанскиот стручњак образложи дека намерата му била да го расчистува хаосот, а не да го удри Жоао Педро, но откако ја стави оваа ситуација во втор план, мораше да одговара доста нервозно и на едно провокативно новинарско прашање.
Претставникот на „Марка“ во своето поставено прашање го употреби зборот „губитник“, нешто што воопшто не му се допадна на Лучо кој испорача говор во свој стил.
– Губитник? Ние не сме губитници, ние сме вицешампиони. Ова е спорт на највисоко можно ниво и ние не сме губитници. Губитници се оние кои се откажуваат и кои не се враќаат после зададен удар. Не би го користел тој збор на ова ниво, – изјави Луис Енрике и додаде.
– Во деликатните моменти знаете кои луѓе се на ваша страна, а кој не. Јас од мали нозе имам посебни карактеристики и стојам многу добро со сите кои ме познаваат. Можеби за некој сум егоцентричен, но и тоа е сосема во ред, – изјави Луис Енрике.
¡El PSG no es perdedor, simplemente no ganó! 😅🤭
— TNT Sports México (@tntsportsmex) July 14, 2025
Para Luis Enrique existe mucha diferencia entre un Subcampeón y un derrotado. 🤷♂️#TNTSportsMex | #MundialDeClubes pic.twitter.com/cizQIdlNkD