Тери пред важниот ден во Милано: Мојот омилен клуб во Италија добива огромно засилување

Дерби

14/07/2025

12:54

479

Големина на фонт

а а а

Градот Милано е подготвен за „денот Д“ и ова попладне се очекува пристигнување на Лука Модриќ, легендарниот хрватски фудбалер кој има закажано медицински прегледи и потпис на договорот со италијанскиот великан.

Модриќ во прв момент ги одложи медицинските прегледи со Милан од почит кон Реал Мадрид, но веднаш по крајот на Светското клупско првенство, закажа лет за Милано.

Угледните новинари пренесуваат дека Модриќ денеска ќе комплетира најголем дел од задачите пред официјално да стане нов член на Милан, вест која го радува и еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња.

Џон Тери не крие дека негов омилен клуб во Италија е Милан, па затоа се радува што „росонерите“ ќе добијат еден од најдобрите играчи за врска.

– Лука е фантастичен играч и натаму е еден од најдобрите во светот. Исто така, тој е фантастична личност и воопшто еден од најдобрите играчи во овој момент. Тоа е огромно засилување за Милан, ќе донесе искуство и квалитет. Голем клуб добива големо име, а сите знаете дека мој омилен клуб во Италија е Милан, – изјави Тери.