Лука Модриќ неколку минути после пладне слета во Милано и пристигна во градот каде ќе ја продолжи својата играчка кариера, а на аеродромот во градот на модата беше пречекан и од хрватски новинари.
Фудбалскиот маестро кој оставри историја во Реал Мадрид пристигна со цел да ги комплетира лекарските прегледи и да стави параф на договорот со Милан, па во ситуација кога немаше време за интервјуа, сепак издвои неколку зборови за своите сонародници.
– Среќен сум што сум тука и се радувам на новите предизвици кои ќе ги имам, – изјави Модриќ на мајчин јазик.
Новинарите настојуваа да добијат повеќе одговори за тоа како ќе се одвива денешниот ден, но Лука учтиво им возврати и порача дека ќе има доволно време да се зборува за се што ги интересира.
Модриќ на 39-годишна возраст пристигнува да биде големо засилување во средниот ред на Милан, а со своето искуство и знаење сигурно ќе има круцијална улога во системот на Макс Алегри.
🇭🇷 Le immagini di Luka #Modric a Malpensa ✈️
— Antonio Vitiello (@AntoVitiello) July 14, 2025
Oggi firma per il #Milan 🔴⚫️🇮🇹
(@MilanNewsit @antonello_gioia) pic.twitter.com/CijdexSy1v