Најголемиот дел од Марс на продажба, цената „астрономска“

Точка

16/07/2025

20:29

1.379

Големина на фонт

а а а

Црвено-кафено-сивата карпа тешка 25 килограми ќе биде продадена денеска на аукција во Њујорк. Цената? Неколку милиони евра.

Не е познато кога астероидот се судрил со Марс и веројатно предизвикал големи разурнувања таму.

Ударот исфрлил илјадници, можеби милиони, тони разни материјали, претежно камења и големи карпи, во атмосферите на планетата.

Една од тие карпи полетала уште подалеку – однесена во вселената, каде што лебдела не знае колку долго, минувајќи најмалку неколку стотици милиони километри, и на крај се приближила доволно до нашата планета, која ја привлекла со својата гравитација.

И еден ден – или ноќ – карпата заблескала на африканското небо и паднала како метеорит на територијата на денешен Нигер, каде што ја открил ловец на метеорити во ноември 2023 година.

Потоа, црвено-кафено-сивата карпа, со димензии 38 × 28 × 15 сантиметри и тежина од 25 килограми, „слетала“ во просториите на Италијанската вселенска агенција во Рим.

Сега, сопственикот одлучил да ја продаде карпата на аукцијата што ја организира аукциската куќа "Sotheby’s" во Њујорк.


Најголемиот дел од Марс што некогаш бил пронајден

„Овој марсовски метеорит е најголемиот дел од Марс што некогаш сме го пронашле“, изјави за "AP" Касандра Хатон, потпретседател за наука и природна историја во "Sotheby’s". „Тој е повеќе од двојно поголем од оној што претходно се сметаше за најголемиот познат дел од Марс.“

Карпата претставува 7 проценти од целиот марсовски материјал што е познат дека постои на нашата планета и е 70 проценти поголема од следниот најголем дел од црвената планета пронајден на Земјата.

Дел од метеоритот бил испратен во специјализиран лабораториум, каде што го споредиле неговиот хемиски состав и потврдиле дека навистина потекнува од Марс.

Ги споредиле со карактеристичните хемиски профили на марсовските метеорити кои научниците ги утврдиле по мисии како „Викинг“ во 1976 година.


Стаклена површина

Анализата покажала дека станува збор за „оливин-микробабро шерготит“, вид на марсовска карпа која се формирала при многу бавно ладење на магмата.

Има груба текстура и ги содржи минералите пирооксен и оливин.

Површината на метеоритот е стаклена, веројатно како резултат на високите температури што ги доживеал при влегувањето во атмосферата на Земјата, изјави Хатон. „Тоа беше еден од првите знаци дека не се работи за која било карпа“, изјави таа.

Не е сосема јасно кога метеоритот паднал на Земјата, но тестовите укажуваат дека тоа се случило во последните неколку години, рече Хатон.

Колку чини дел од Марс тежок 25 килограми?

Проценетата вредност на метеоритот е помеѓу 2 и 4 милиони долари (1,7 милиони до 3,4 милиони евра).

Предметот ќе биде понуден под број "NWA 16788" како дел од тематската аукција посветена на природната историја.

Покрај метеоритот од Марс, на аукцијата ќе бидат понудени и други метеорити, минерали и фосили – меѓу кои и скелет на диносаурус стар речиси 150 милиони години.