Археологот Мајкл Донелан со години трага по митската Атлантида, а сега тврди дека пронашол остатоци од цивилизацијата која, како што многумина веруваат, морето ја проголтало за само еден ден.
Уште од времето кога Платон прв го спомнал „моќниот трговски град“ во своите дијалози (напишани околу 360 година п.н.е.), се шпекулира каде би можел да се наоѓа.
Старогрчкиот филозоф ја опишал како напредна цивилизација со огромни храмови и пристаништа која влегла во конфликт со Атина и потоа исчезнала пред повеќе од 11.600 години.
И, додека теориите со години упатувале на разни места, од Санторини до Северна Африка, па сѐ до Скандинавија, Донелан верува дека Атлантида ја нашол на три километри од крајбрежјето на Кадиз во Шпанија.
Своето откритие го претставил на конференцијата „Cosmic Summit“ во Северна Каролина каде премиерно го прикажал документарниот филм за осумгодишната потрага.
Тој објавил дека користел сонар и liDAR технологија за испитување на морското дно кај Кадиз, пренесува „LadBible“.
Донелан тврди дека резултатите од скенирањето откриле „низа долги, линеарни структури кои формираат огромен систем на концентрични кружни ѕидови, високи над шест метри, поставени во прецизно уреден распоред“.
„Тоа е Атлантида“
„Надворешниот ѕид покажува значително оштетување, што упатува на удар од големо цунами. Внатрешните прстени, вториот и третиот, исто така претрпеле сериозна промена и пукнатини, што јасно се гледаа на видеата добиени од истражувањето“, вели тој.
Археологот натаму наведува дека „меѓу кружните бариери се наоѓаат канали кои се прецизно вметнати во карпите, кои концентрично се спојуваат кон правоаголна структура во средиштето“, а за која се шпекулира дека би можела да биде храмот на Посејдон, како што го опишал Платон.
„Тоа целосно се поклопува со зборовите на Платон. Тој говори за регионот над мореузот кој Грците пред 2.400 години го нарекувале Гадес – најстариот град во западна Европа“, изјавил на конференцијата.
„Постојат бројни артефакти“
Археологот објаснил дека „масивните градби откриени на длабочина од околу 20 метри“. Тој смета дека тоа се поклопува со описот на Платон дека боговите, лути на жителите, го разориле градот со земјотреси и цунамија „за само еден ден и ниќ“.
„Постојат бројни артефакти кои укажуваат на постоење на древни метрополи. Стилот на градење секако не е римски ниту млетачки. И на оваа длабочина и оддалеченост јасно е дека говориме за многу постара цивилизација“, изјавил тој.
Исто така тој навел дека скенираните структури се наоѓаат на „површина од околу 550х365 километри“ и толку совршено се вклопуваа со наводите на Платон.
Рано е за заклучоци
Доколку тврдењата на Донелан се потврдат, тоа би можело да го смени текот на историјата и начинот на којшто ги набљудуваме легендите постари од два милениуми.
Сепак прашањето останува – дали недалеку од Кадиза навистина лежи Атлантида?
Веруваме дека во наредниот период многу ќе се дебатира за пронајдоците и тврдењата на овој археолог.