Познатиот автомобилски гигант во невидена криза, пад на продажбата за 97%: „Најбруталниот период во историјата на компанијата“

Супермен

18/07/2025

20:07

3.915

Големина на фонт

а а а

Британскиот автомобилски гигант „Jaguar Land Rover“ поминува низ еден од најтурбулентните периоди во својата историја.

Компанијата објавила укинување на 500 работни места во Велика Британија, додека истовремено се соочува со речиси целосен колапс на продажба во Европа.

Според британските медиуми, како „Daily Mail“, овие настани доаѓаат по контроверзното ребрендирање кое ги разбеснило лојалните купувачи.

Раководството на компанијата потврдило дека 500 менаџерски позиции ќе бидат укинати во рамките на реструктурирањето на работење.

Компанијата наведува дека на вработените ќе им понуди програма на доброволно заминување со отштета и инсистира дека отпуштањата нема да надминат 1,5 отсто од вкупната работна сила во Велика Британија.


Во официјалното соопштение овој потег е опишан како „нормална деловна пракса“ неопходна за оптимизација и рационализација на компанијата.

Намалувањето на работните места доаѓа откако автомобилскиот гигант претходно предупредил дека американските тарифи на британските автомобили можат директно да ја загрозат неговата профитабилност.

Неволјите на компанијата се поклопуваат со минатогодишното ребрендирање кое за многу од критичарите било непотребно.

Традиционалниот и препознатлив амблем на „Jaguar“ бил заменет со минималистичка, геометриска буква „J“.

Љубителите на брендот го изразиле своето незадоволство на социјалните мрежи, тврдејќи дека новото лого изгледа како „копче на евтина чанта“.

Додека бурата за новиот визуелен идентитет продолжува, бројките на продажба покажуваат алармантна ситуација.

Според податоците на Европското здружение на произведувачи на автомобили, „Jaguar“ забележал продажба од само 49 нови возила во Европа во април 2025 година.

Во споредба, минатата година истиот месец било продадено 1.961 возило, што претставува неверојатен пад од 97,5 отсто.


Набљудувајќи ја вкупната продажба од јануари до април, падот исто така е драстичен до 75,1 отсто, со само 2.665 продадени автомобили.

Без оглед на катастрофалните бројки, британскиот бренд инсистира дека причината за падот на продажбата не е ребрендирањето ниту недостатокот на поддршката на купувачите.

Според нивните зборови, вистинската причина е стратешка одлука да се запре производството на стари модели за компанијата целосно да се фокусира на лансирање на нови, целосно електрични понуди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk