Најзгодната манекенка на денешницата плени со својот изглед на Јадранското море...
Една од најпрепознатливите фигури во современата поп култура, манекенката и актерка Емили Ратајковски, повторно го залуде светот.
На социјалната мрежа Инстаграм каде ја следат над 29 милиони луѓе, таа споделила низа фотографии кои во рекорден рок добиле стотици илјади допаѓања и лавина коментари од обожавателите.
Овојпат Емили позирала покрај базен во провокативно бикини. Моделот со длабоко деколте ги истакнал нејзините облини, додека пак исто така нејзиниот совршен задник бил забележлив.
Отворениот грб дополнително ја нагласил нејзината витка и затегната фигура, што предизвикало воодушевување кај обожавателите.
Во коментарите се нижеле комплименти: „Секогаш си спектакуларна“, „Најсексапилната жена на светот“, „Совршено тело“, биле само дел од нив.
Во описот на објавата Емили открила дека годинава за летен одмор го избрала Јадранското море, но не ја открила точната локација на која ужива.
Да ве потсетиме, Ратајковски пред неколку години најавила повлекување од светот на актерството откако одбила улога во филмот „Triangle of Sadness“.
Меѓутоа, очигледно дека се предомислила и тоа на големо задоволство на сите обожаватели. Неодамна ја потврдила соработката со режисерката и сценаристка Лена Дан на новата серија „Too Much“ во која го толкува ликот на инфлуенсерка која опсесивно ја следи поранешната партнерка на нејзиното сегашно момче.
Се чини дека летото за Емили не е само прилика за одмор туку и совршен момент за нови професионални почетоци и враќање на малите екрани.