Сезоната на одмори низ регионот оваа година предизвикува различни реакции. Додека едни уживаат на одмор без да обрнуваат внимание на приказните дека туристичката сезона „пропаднала“, други тврдат дека туристите се сè помалку – и дека точно знаат зошто е тоа така.
Еден од нив е новосаѓанецот Карло, кој на „Threads“ се осврна на оваа тема и посочи на интересни факти што изненадија многумина. Имено, тој направи споредба на цените на „Coca-Cola“ и точено пиво во Црна Гора, Хрватска и на Мајорка и заклучи дека на последнава дестинација е значително поповолно отколку во регионот.
„Каква е сезоната, слаба ли е?
Херцег Нови, Црна Гора
• „Coca-Cola“ (0,33 л) – 3 евра
• Точено пиво (0,5 л) – 4 евра
Цавтат, Хрватска
• „Coca-Cola“ (0,33 л) – 5,50 евра
• Точено пиво (0,5 л) – 8,50 евра
Палма де Мајорка, Шпанија
• „Coca-Cola“ (0,33 л) – 2 евра
• Локално точено пиво (0,5 л) – 3 евра
На некого сè уште не му е јасно?“, напиша тој.
„Во Дубровник пешкир е колку половина босанска плата“
Неговата објава брзо стана вирална на мрежите. Иако многумина застанаа во одбрана на хрватското и црногорското приморје, повеќе беа оние што сепак се согласија со Карло.
На коментар од еден корисник кој застана во одбрана, велејќи дека на Мајорка никогаш нема да биде безбедно како во Црна Гора или Хрватска, една жена иронично одговори: „Значи, тоа што во Дубровник пешкир чини колку половина босанска плата, тоа е всушност наплата за безбедна околина, а не "дерење" на туристите? Некој дебело се шегува со нас.“
Некои наведуваат конкретни примери од странство каде што сè е појасно и пофер дефинирано.
„На Мајорка пониски цени отколку во Црна Гора и Белград“
Оние што, како и авторот на објавата, неодамна ја посетиле Мајорка, откриваат: „Бев минатата година и еве, одам и оваа – половина на Мајорка, половина на Ибица. На Мајорка се тие цени, главно пониски отколку во Црна Гора и Белград. Ама ајде што е на Мајорка, но цените се пониски и на Ибица отколку кај нас. Само во клубовите е поскапо, но тоа – светска престолнина на клупскиот живот, нормално е да е скапо. Ресторани, кафулиња, продавници – сè е исто или поевтино отколку кај нас. Затоа одам таму каде што не ме горат.
И да – со закон е одредена цена за две лежалки и чадор, мислам дека е околу 12 евра и секаде се тие цени – нема "дерење"!“
„Не се само цените проблем“
Поискусните патници укажуваат на подлабоки проблеми што ги одбиваат туристите: „Моето скромно мислење – бев во 80 земји. Главниот проблем не се само цените, иако не одат со нивото на услуга и квалитет.
Проблемите се:
• Патиштата и генерално доаѓањето во Црна Гора.
• Прекратка сезона, сите гледаат ‚да земат што повеќе‘ – најлошото што можеш да му направиш на вистински турист.
• Никаква понуда на содржини или ја има само во тој краток период.
• Нељубезност и ситни измами – добар гостин можеш да го измамиш еднаш, но тој и неговото опкружување никогаш повеќе нема да дојдат.
• Сместувањето, квалитетот и цената едноставно не се избалансирани.
И така натаму …“, наведе тој.