Доколку видите автомобил со бел пешкир на ретровизорот, веднаш запрете: Многу од возачите не го знаат значењето, а тоа е...

Супермен

25/07/2025

15:00

8.505

Големина на фонт

а а а

Бел пешкир на ретровизорот од автомобилите – случајна сцена или скриена порака?

Во текот на летните патувања, многу од возачите не знаат дека овој едноставен предмет носи важно значење. Тоа е сигнал за другите учесници од сообраќајот, но и за итните служби – порака за безбедноста на сопственикот на возилото и неговите сопатници.

Возачите често ставаат разни предмети на автомобилите. Некогаш се ставале ЦД-дискови на внатрешноста од ретровизорот. Се верувало дека можат да им пречат на радарите одбивајќи го ласерскиот сигнал на полициските уреди.


Сепак, овој „антирадар“ се покажал како целосно бескорисен и со текот на времето исчезнал од улиците на градовите.

Бел пешкир на ретровизорот – знак којшто доаѓа од САД

Во САД е сѐ почеста праксата на врзување бели пешкири или ќеси за ретровизорите. Зад тоа не стои грижата за изгледот на возилото туку јасна порака упатена до другите возачи. Белиот пешкир или дел од гардероба значи – дефект на возилото.

Оваа пракса е особено честа во Северна Каролина. Возачите на тој начин ги известуваат службите дека возилото е расипано, но и дека сите патници безбедно го напуштиле автомобилот. Белиот пешкир е знак и дека не е неопходно веднаш да се отстрани возилото затоа што сопственикот наскоро ќе се врати.

Порталот „Minnesota Now“ истакнува и друго значење, во итни медицински ситуации, луѓето врзуваат бел предмет за ретровизорот, тогаш не се во состојба сами да повикаат брза помош.


Во Македонија важат други правила – триаголник и четири трепкачи

Во случај на дефект, законски дозволен начин да се означи неисправно возило е поставување знак триаголник и вклучување на четири трепкачи. Тоа во основа се јавни предупредувања за другите учесници во сообраќајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk