Руската манекенка била фотографирана на улиците во Наполи како се бакнува со италијанскиот актер којшто привлекува огромно внимание години наназад, а нејзините фанови не се импресионирани од страсната сцена.
Микеле Мороне, италијански актер најпознат по филмот „365 дена“ крена многу прашина изминативе години и стана еден од најпосакуваните момци, а веќе подолго време соработува со брендот „Долче и Габана“.
Италијанската модна куќа сега го споила со руската манекенка Ирина Шајк со која снимал реклама во Наполи, а моментите од снимањето ги преплавија социјалните мрежи.
Популарната манекенка се бакнувала со Мороне, се прегрнувала и давала сѐ од себе, но судејќи по коментарите, сѐ делувало многу деловно и без хемија.
„Јас делувам пострасно додека гледам како се пече пита“, „Имаш двајца толку згодни луѓе и – ништо“, „Овој бакнеж изгледа како претходно да пребарувале како се бакнува“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Irina Shayk and Michele Morrone on the Dolce & Gabbana set in Napoli. pic.twitter.com/rh3uJJWopl
— 📸 (@metgalacrave) July 27, 2025
Ирина и Микеле изминативе години одвоено биле застапени во реклами за брендот „Долче и Габана“ и ова е првпат да работат заедно, а италијанскиот актер во своите претходни соработки имал повеќе среќа кога станува збор за хемијата со колешка.
Тој минатата година снимал и со Меган Фокс, а тие делувале навистина блиско и складно што нивните претставници за медиумите морале да демантираат дека се пар во приватниот живот.
Италијанецот исто така соработувал и со Блејк Лајвли, а направил исклучок од своето правило да не се меша во скандали кога јавно ѝ пружал поддршка во екот на нејзината правна битка со Џастин Балдони.