Цените на кириите во градските центри ширум Европа и натаму се зголемуваат, а само пет европски градови имаат просечна цена на наем на трисобен стан под 2.000 евра, според извештајот на „Deutsche“.
Поради тоа што цените на киријата во Европа и натаму растат, најголеми скокови во последните пет години забележани се во југоисточна и источна Европа. Извештајот анализирал 67 светски градови, вклучувајќи и 28 европски.
Според „Eurostat“ цените на куќите се зголемиле за 27,3 отсто меѓу првиот квартал на 2020 и 2025 година, додека пак киријата се зголемила за 12,5 отсто од јуни 2020 до јуни 2025 година. Сепак, во градските центри порастот е значително повисок.
Месечната цена на трошоците за стан во 2025 година варира од 1.080 евра во Атина до дури 5.088 евра во Лондон.
Градови со кирија над 3.000 евра:
Лондон, Цирих, Женева, Амстердам – над 3.800 евра.
Исто така скапи: Даблин, Париз, Копенхаген, Луксембург, Минхен.
Градови со кирија меѓу 2.000 и 3.000 евра:
Милано, Лисабон, Единбург, Мадрид, Барселона, Виена, Прага.
Градови со кирија под 2.000 евра:
Атина, Будимпешта, Истанбул, Варшава, Хелсинки.
Западна и северна Европа имаат највисоки цени на кирија поради високиот стандард и недостатокот на станови. Источна и југоисточна Европа и натаму се најпристапни.
Њујорк: Кирија за трисобен стан 7.676 евра
Каиро: Кирија 377 евра.
Дубаи и Сиднеј: Високи просечни плати и кирија 4.000 евра.
Торонто, Сеул, Токио, Москва, Шангај: Околу 2.500 евра кирија.
Изнајмување еднособен стан:
Лондон: 2.732 евра
Атина: 595 евра.
Истанбул: +206 отсто (најголем раст во Европа)
Лисабон: +81 отсто, Прага: +73 отсто, Единбург: +71 отсто, Барселона: +65 отсто, Мадрид: +59 отсто.