Кралица на спојлери: „Honda“ што пркоси на аеродинамиката и добриот вкус

Супермен

05/08/2025

07:58

1.608

Големина на фонт

а а а

Кога ќе посетите продавница што продава аеродинамички додатоци за автомобили и ќе одлучите да купите апсолутно сè – така би можела да се опише оваа „Honda“ што одвреме-навреме завршува на социјалните мрежи.

Жителите на американската сојузна држава Аризона повремено забележуваат неверојатна глетка на своите патишта, па ја снимаат и ја споделуваат на социјалните мрежи – „Honda Accord“ од осмата генерација на која сопственикот натоварил секој можен аеродинамички додаток што можел да го купи. Од спортски спојлери, крилја, ретровизори, дифузери и сплитери, па сè до цели панели покриени со фолија, оваа „Honda“ има сè што можете да замислите, па дури и повеќе.

Она што е особено интересно е дека секој пат кога на интернет се појавуваат нејзини фотографии, изгледа дека е уште повеќе натоварена со разни додатоци, налепници и елементи од јаглеродни влакна. Првпат била забележана минатиот октомври, потоа во март оваа година, а неодамна во својата најапсурдна изведба, во која речиси не се гледа оригиналниот автомобил од сите „украси“. За аеродинамиката на ваквото решение не треба ни да се зборува – таа е веројатно толку нарушена што автомобилот е употреблив само при ниски брзини.


„Сè ќе одлета ако забрза на 150 км/ч“, „Изгледа како ’Transformer‘ заглавен среде трансформација“, „Можете да ја замислите бучавата од ветрот при поголеми брзини“, се дел од коментарите што, се чини, не го вознемируваат премногу сопственикот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk