Најпознатата плус-сајз манекенка Кели Брук, која своевремено беше прогласена за жена со „најсовршено тело во светот“, веќе некое време ужива во летниот одмор, сонцето и топлите денови.
Со оглед на тоа што има армија следбеници на социјалните мрежи, прекрасната убавица „мора“ редовно да објавува фотографии за да го привлече нивното внимание. Така беше и овој пат кога објави серија атрактивни фотографии во бело бикини.
Судејќи според објавите, Кели се наоѓа во Италија, придружувана од нејзиниот сопруг Џереми Париси, кој е и нејзин личен фотограф. Благодарение на него, светот доби шанса да ја види познатата убавица во полн сјај – со сите нејзини атрибути.
Бујните гради беа во преден план, а ова предизвика вистинска воодушевеност кај обожавателите.
„Отсекогаш си била кралица на убавината“, „Толку си совршена, не можам да поверувам“, „Изгледаш прекрасно – како и секогаш“, беа само дел од коментарите.
Потсетуваме дека не толку одамна, Кели одлучи да ги промени своите животни навики и да се посвети на поздрав начин на живот. Таа успеа да ослабе 12 кг и да истрча маратон, а судејќи според нејзините зборови, ова е само почеток.
Се чини дека жената со некогаш „најсовршеното тело во светот“ е на пат да ја врати својата поранешна слава.