Летувањето во Грција за многу од луѓето често знае да се претвори во вистинска агонија, не поради морето и сместувањето туку поради строгите сообраќајни правила.
Секоја година дел од туристите остануваат без регистарски таблички, а понекогаш и без возачка дозвола, па наместо да уживаат на плажа тие ги посетуваат полициските станици и молат да документи.
Адвокатот Владимир Милијевиќ објаснува кои прекршоци можат да доведат до отстранување на регистарските таблички и какви казни следат, пренесува „Мондо“.
Неодамна на некоја Србинка поради непрописно паркирање во Солун, полицијата ѝ ги одзела регистарските таблички и ѝ напишала казна во висина од 150 евра.
Како што појаснува адвокатот, казните во Грција варираат од 100 до 1.000 евра во зависност од прекршокот, а постои шанса полицијата да ви ја одземе сообраќајната и возачката дозвола.

Како што појаснува адвокатот, во сите закони непрописното паркирање е еден од најблагите прекршоци, но во Грција за секој прекршок може да се очекува да бидете строго казнети.
„Значи, покрај непрописното паркирање, што е нешто особено традиционално познато кога говориме за летувањето во Грција и начинот на постапката на грчките власти, предвид доаѓа и друг вид непрописно однесување во сообраќајот, како што е претекнување преку неиспрекинати линии, надминување на брзината и многу често јас сум се сретнал со ситуација преминување на црвено светло на семафорот“, појаснува адвокатот.
Според грчкиот закон за сообраќај, во случај на непрописно паркирање, освен отстранување на табличките и парична казна може да биде применета и казната одземање на возачка дозвола на 10 дена и сообраќајна дозвола на 20 дена.
Некогаш командирите на полицијата се расположени, па веднаш по уплатената казна или во текот на утрешниот ден ја враќаат возачката дозвола и сите документи, а некогаш го задржуваат правото (како што законот им овозможува), да не ги вратат документите наредните 20 дена.
Откако ќе поминат 20 дена полицијата табличките ги испраќа во конзулатот, а конзулатот ги праќа на ваша адреса.

Возење под дејство на алкохол: 78 – 1.200 евра.
Надминување на брзината во населено место до 20 км/ч.: 100 евра.
Преминување на црвено светло на семафорот и претекнување на полни ленти: 700 евра.
Некористење на безбедносен појас: 350 евра.
Непрописно паркирање: 40 – 80 eвра.
Користење мобилен телефон во текот на возењето: 100 евра.
Кратките дневни светла се задолжителни само при слаба видливост во тунел.
Пушење во автомобил доколку во него има дете помало од 12 години: 1.500 евра со одземање на возачката дозвола.