Од 2017 година, "Lexus" во својата лимузинска перјаница "LS" користи "kiriko" стакло – уникатен елемент во ентериерот кој го подига впечатокот на уште повисоко ниво.
Lexus отсекогаш бил синоним за префинетост, а овој детал е најдобар доказ за тоа. Станува збор за традиционална јапонска техника на рачно резбање кристално стакло без олово. Овој луксузен елемент, вграден во панелите на вратите, создава единствени визуелни ефекти – геометриските шари рефлектираат светлина во зависност од аголот и добата на денот.
Техниката бара извонредна прецизност и вештина, а секое парче е уникатен рачен производ. Мајсторите на "kiriko" уметноста работеле заедно со дизајнерите на "Lexus" за да создадат стакло кое ја комбинира традицијата со современа технологија на зацврстување, прилагодена за автомобилска употреба.
Колку во "Lexus" биле задоволни со финалниот производ најдобро открива изјавата на тогашниот главен дизајнер на моделот "LS", Коичи Суге:
„Тоа е индустриски производ кој е во исто време и уметничко дело. Неговиот изглед и чувство, како рачно плисирана ткаенина на вратите, се менува во зависност од аголот од кој го гледате и од добата на денот.“