Познатата германска компанија „Wechsler Feinfisch“ која е специјализирана за димена риба, прогласила банкрот.
Компанијата ги снабдува со риба производите на трговските ланци како што се „Едека“ и „Глобус“, како и бројни органски супермаркети.
Според извештајот на германските специјализирани весници, Трговскиот суд во Келн отворил стечајна постапка, а Јенс Шмит е именуван за привремен стечаен управител.
Целта е да се пронајде стратешки купувач за да се продолжи произведувањето и да се зачуваат околу 40 работни места во седиштето на компанијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.
Компанијата е присутна на пазарот повеќе до 100 години и позната е по своите висококвалитетни димени рибји производи.
Покрај конвенционалните понуди, компанијата дистрибуира и органски рибји производи под брендот „Биомаре“ којшто е вклучен во бројни органски супермаркети. Исто така снабдува и угостителски објекти.
Финансиските проблеми ескалирале по промената на сопственост во 2024 година, кога компанијата ја презел Теодор Јансен. Преземањето било поврзано со висок долг, што на крај довело до презадолженост и банкрот.
Ситуацијата дополнително се влошила со ненадејно затворање на клучен производен погон во Полска, каде погонот за преработка на пастрмка престанал со работа во ноември 2024 година.
Без оглед на предизвиците и раководството и стечајниот управник се оптимисти. Веќе постојан неколку потенцијални купувачи, а добавувачите и големите купувачи на производи кажале дека ќе продолжат да бидат партнери со компанијата.