Јувентус го продаде големото трансфер промашување и загуби 20 милиони евра за една година

Дерби

22/08/2025

11:27

236

Големина на фонт

а а а

Јувентус имаше возбудлив трансфер период минатото лето и значително го освежи тимот, но добар дел од нив не се покажаа во најдобро светло, од кои посебно се издвои Даглас Луиз.

Бразилскиот репрезентативец пристигна како огромно засилување и како човек кој треба да воспостави контрола во средниот ред на Тиаго Мота, но наместо тоа, играчот за врска целосно разочара во секој поглед и после само една година беше ставен на трансфер листата.

Јувентус се обидуваше да го продаде поранешниот играч на Астон Вила од самиот старт на летниот преоден рок, но на крајот мораше да се вклучи Евангелос Маринакис во операцијата, за истата да биде приведена до крај.

Газдата на Нотингем Форест директно стапи во контакт со директорите на Јувентус и во рок од неколку дена ја заврши зделката, па така англискиот премиерлигаш рано утрово ја официјализираше зделката.

Јувентус пред една година инвестираше 50 милиони евра за Луиз, но сега се ослободува од него за 20 милиони евра. Целиот пакет за Даглас ќе го чини Нотингем околу 30 милиони евра, со тоа што фудбалерот првата сезона ќе игра како позајмен фудбалер, по што „шумарите“ ќе имаат обврска да го купат и трансферот да стане перманентен.