Сити го продолжи договорот со еден од најважните играчи, го подготвува за следен капитен

Дерби

22/08/2025

13:46

373

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити сериозно го освежи тимот за новата сезона, но не заборави и на преговорите со клучните играчи кои се дел од ростерот изминатите години.

Денеска и официјално е потврдено дека Рубен Диаш го продолжил договорот со Сити до 2029 година, што е потврда дека португалскиот репрезентативец планира да остане долго на „Итихад“.

Досегашниот договор на 28-годишниот дефанзивец истекуваше во 2027 година, што значи дека Диаш прифатил дополнителни две години, за што сигурно добил и подобри финансиски услови од клубот.

Диаш дојде во Сити од Бенфика во 2020 година и со овој тим освои четири титули во Премиер лигата, еден трофеј во Лигата на шампионите и уште неколку важни трофеи, а најавите на медиумите се дека тој веројатно ќе биде и следниот капитен на премиерлигашот.

Гвардиола и раководството сега ќе се фокусираат на преговорите со Бернардо Силва и Џон Стоунс, чии договори истекуваат следното лето.