Алгоритамот на ОПТА со прогноза за Серија А: Јувентус и Милан ќе извисат за место во ЛШ

Дерби

22/08/2025

13:47

402

Големина на фонт

а а а

Клубовите во Серија А се подготвени за почетокот на новата сезона, која секако носи сериозни амбиции за сите учесници и најавува интересна битка за најдобрите позиции на табелата.

ОПТА го искористи својот алгоритам или суперкомпјутер за да направи почетна прогноза за очекуваните случувања во италијанското првенство, при што предност во битката за титулата добил Интер.

Избраниците на Кристијан Киву имаат најголеми шанси да дојдат до скудетото и тоа пред актуелниот шампион Наполи, односно Аталанта и Рома.

Интересно, алгоритамот на ОПТА смета дека Јувентус и Милан ќе завршат на петтото и шестото место, па според тоа веројатно ќе останат и без место во Лигата на шампионите.

Сасуоло би требало да биде последниот тим над опасната зона и да обезбеди опстанок, додека такво нешто не се очекува за Лече, Кремонезе и Пиза.