Менаџерот на Палас: Геи не смее да замине, инаку јас ќе треба да играм во одбрана

Дерби

22/08/2025

13:09

176

Големина на фонт

а а а

Оливер Гласнер му обезбеди трофеј во ФА купот и Суперкупот на Кристал Палас, но раководството не ги следеше овие резултати со соодветни потези во преодниот рок.

Наместо тоа, лондонскиот клуб е соочен со губење на Еберечи Езе во финишот на преодниот рок, а веројатно ќе остане и без најдобриот дефанзивец, Марк Геи.

Гласнер потенцирал дека Геи мора да остане барем за реваншот со Фредрикштад од плејофот за Конференциската лига.

– Многу доцниме во преодниот рок, имаме десет дена да најдеме соодветни замени.

– Во моментов имаме 17 фудбалери на располагање, еден е од академијата, а на двајца веќе им кажавме да си бараат нови клубови. Значи остануваме 14 играчи, а имаме шест натпревари до крајот на месецот.

– Сигурен сум дека ако Марк замине и не биде во комбинација за дуелот со Фредрикштад, ќе имаме големи проблеми. Не можеме да регистрираме друг фудбалер и според мене, мора да остане. Ако замине, ќе мора јас да облечам копачки, па бидејќи бев стопер, да се обидам да му помогнам на тимот, – рекол Гласнер.