Ракометарите на Вардар ќе ја започнат новата сезона со амбиции да се борат за сите трофеи и пред се да ја одбранат титулата во домашното првенство, а барем на почетокот во ростерот ќе го нема Милан Лазаревски.
Македонскиот репрезентативец бил успешно опериран во Загреб и почнува со процес на рехабилитација, поради кој може да го очекуваме на терените дури во 2026 година.
Вардар денеска потврди дека незгодната повреда на рамото му создавала проблеми на Лазаревски, па било решено да биде опериран кај угледниот доктор Никола Чичак во хрватската престолнина.
„Црвено-црните“ ќе бидат без пикерот првите три месеци од сезоната, но Лазаревски сигурно ќе биде сериозно освежување за тимот во вториот и најважен дел од сезоната.