Јувентус ќе го игра првото коло од Серија А во недела, пред стартот на сезоната на новинарите им се обрати тренерот Игор Тудор. Тој ја критикуваше моменталната организација на летниот преоден рок, кој и покрај тоа што сезоната започнува тој сè уште трае.
„Трансфер пазарот? Да бидам искрен, дури и не обрнувам внимание на шпекулациите бидејќи би полудел. Сосема е лудо што сезоната започнува додека е сè уште отворен преодниот рок. Тоа треба да се промени, преодниот рок мора да заврши една недела пред почетокот на првенството, па што ќе се случи, ќе се случи“, рече Тудор и продолжи:
„Ова ви ја нарушува концентрацијата и вашата секојдневна работа, но ситуацијата е таква каква што е и во моментов мора да ја прифатиме. Мора да се фокусираме на теренот и на играчите што ни се достапни.“
Сите трансфери на Јувентус ова лето:
Јувентус ги донесе или ги откупи договорите на следните играчи во тековниот преоден рок:
Франциско Консеисао (Порто, 32 милиони евра)
Нико Гонзалес (Фиорентина, 28,1 милиони евра)
Лојд Кели (Њукасл, 17,2 милиони евра)
Пјер Калулу (Милан, 14,3 милиони евра)
Микеле ди Грегорио (Монца, 14,3 милиони евра)
Жоао Марио (Порто, 12,6 милиони евра)
Џонатан Дејвид (Лил, слободен трансфер)
Јувентус го напуштија:
Николо Ровела (Лацио, 17 милиони евра)
Алберто Коста (Порто, 15 милиони евра)
Николо Фаџоли (Фиорентина, 13,5 милиони евра)
Самуел Мбангула (Вердер Бремен, 10 милиони евра)
Лука Пелегрини (Лацио, 4 милиони евра)
Ханс Николуси Кавиља (Венеција, 3,5 милиони евра)
Тимоти Веа (Марсеј, позајмица: 1 милион евра)