[ВИДЕО] Меси и Суарез загубија во финалето, Уругавецот се покажа како лош губитник и плукна противник во лице

Дерби

01/09/2025

10:53

666

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси го водеше Интер Мајами до финалето на Лига Купот на кој настапуваат екипи од Северена и Централна Америка, па тоа што требаше да претставува ноќ за нова титула во кариерата, на крајот се претвори во тежок пораз.

Аргентинската ѕвезда беше немоќна во дуелот со Сиетл Саундердс и Интер Мајами загуби во финалето со убедливи 3:0, но по последниот судиски свиреж, се видоа и сцени кои не припаѓаат на фудбалската игра.

Фудбалери на двата тима влегоа во клинч и режираа мешаница, меѓутоа, убедливо најлошата слика ја презентираше Луис Суарез.

Уругваецот во безброј наврати знаел да ги загуби нервите на фудбалскиот терен, но сега реши да расчистува правда и со еден повозрасен член од стручниот штаб на Сиетл.

Суарез беше задржуван за да не направи поголема глупост со некој физички контакт, меѓутоа во дадената ситуација го плукна помошникот во лице и наиде на жестоки критики во јавноста.