Интер доживеа шок уште во втората рунда во Серија А и на домашен терен претрпе пораз од Удинезе со резултат 1:2, а еден момент од овој натпревар стана и вирален хит поради ужасниот квалитет кој беше прикажан во шеснаесетникот на гостите.
Фаворитот на секаков начин се обидуваше да го пробие бедемот пред голот на Удинезе откако се најде во резултатска негатива, но една акција беше навистина посебно лоша и многумина ја прикажуваат како лоша реклама за италијанскиот фудбал.
Медиумите од чизмата експресно излегуваат со заклучоци дека вчера беше видена една од најлошите акции во поновата историја на „Сан Сиро“, а ќе беше уште полудо ако истата на крајот завршеше со гол.
Интер создаде корнер ситуација од еден аут од десната страна, но потоа следеше неверојатна мешаница и неколку несекојдневни потези за фудбал на највиско ниво, нешто што направи видеото да стане вирален хит и на социјалните мрежи.
Последниот обид за гол го имаше Барела, а неговата завршна реакција и фаќањето за глава е најдобра илустрација за тоа што се случи во шеснаесетникот на гостите.
Видеото погледнете го ТУКА.