Принцезата Мари Каролина од Лихтенштајн овој викенд се омажи за менаџерот Леополдо Мадуро Волмер на раскошна церемонија во Вадуц.
Парот, која ја објави својата свршувачка во октомври 2024 година, ја одржа церемонијата во катедралата „Свети Флоријан“ во Вадуц – иако живеат во Лондон.
Мари е единствената ќерка на принцот Алоис – престолонаследникот и принцезата Софи, а на венчавката носеше традиционална бела венчаница.
Во вистински кралски стил, невестата носеше тијара преку своите руси локни, кои беа собрани во пунџа.
Иако одбра традиционалната бела боја за нејзината венчаница, дизајнот беше смел, вклучувајќи детали како проѕирни рамена и различни ткаенини, вклучувајќи чипка, давајќи му на фустанот текстуриран изглед.
Таа, исто така, се одлучи за долг превез што се спушташе по скалите на капелата. Нејзиниот татко ја придружуваше во катедралата, додека нејзините деверуши ѝ помагаа со долгата венчаница.
Принцезата Мари Каролина, која има три браќа, беше првата од децата на принцот Алоис кое ја објави својата свршувачка и се прошета до олтарот.
Таа има еден постар брат, принцот Џозеф Венцел, и двајца помлади браќа – принцот Георг и принцот Николаус.
Младоженецот, 33-годишниот Леополдо Мадуро Волмер е инвестициски менаџер. Роден е во Каракас и се школувал во Велика Британија, каде што студирал во Хароу.
Принцезата има диплома по моден дизајн од „Parsons School of Design“ во Париз и Њујорк.